Вести Македонија Топ вести

Страв до коски меѓу тетовци од бездомните кучиња – регистрирани 30 напади за речиси три месеци

Две малолетни деца каснати од кучиња скитници во Тетово е последната пријава во полицијата, со што бројката на регистирани вакви случаи надмина 30 за речиси три месеца. Има и случаи кога граѓани бегајќи се здобиле со телесни повреди. А, дополнителни се стресот и стравот кои ги чувствуваат, кога ќе бидат нападнати, па дури и додека поминуваат покрај глутници кучиња. Жителите бараат итно решавање на проблемот.

„Не водат грижа, а многу има, претерано има многу кучиња. Овде наутро не можеш да излезеш, а деца сами да ги пуштиш не можеш“, вели тетовец.

„Има многу кучиња овде, за децата е многу тешко, старите можат да се одбранат“, вели друг тетовец.

„Природно е човек да почувствува страв, а и не знаеш кое може да збесне, каква болест има“, признава тетовец.

Тетово периодов беше во фокусот и поради вознемирувачката снимка на социјалните мрежи од куче кое паѓа од 7-ти кат на зграда во изградба, поради што активисти и граѓани денес на мирен протест побараа да се поведе постапка за овој случај. Сметаат дека целокупната ситуација во која се наоѓа градот е поради институционалната негрижа. Велат дека бројот на бездомни кучиња нема да се зголемува доколку локалната самоуправа соодветно ги третира, со кастирација и стерилизација.

„Со наменско трошење на парите ќе се намали бројот на кучињата, бидејќи не е изгработено како што треба, секој ден се се повеќе и повеќе на улица. И тие мораат некаде да живеат и тие имаат право на живот“, изјава Снежана Гијевска Илиќ, активистка.

„Имаме слушнато дека има и многу тендери доделено изминатите години, кои не знаеме каде завршуваат, за прифатилишта за бездомните животни, што покрива сметување, стерилизација, храна, вдомување, меѓутоа од тоа ништо нема, не знам дали сте забележале дали има таков простор во градов. Ние како поединци сами се грижиме за бездомните кутриња, сами ги носиме на стерилизација. Оние кои можеме“, изјава Анета Филиповска, активистка.

Подолг период во градот нема никакви активности за третирање на бездомните кучиња, иако Општината најави дека се издвоени околу 4 милиони денари за изградба на стационар. Со последниот договор потпишан во јули 2022 година беа заловени 82 кучиња, но според проценките на ветеринарите во Тетово има над 500.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе