Вести Македонија Топ вести

Отстранети знамињата на Албанија и ОНА од манастирскиот комплекс на тетовското Кале

Отстранети се знамињата кои го сквернавеја манастирскиот комплекс на тетовското Кале, по вчерашната пријава во полицијата. На куполата од црквата „Свети Атанасиј“ било поставено национално знаме на Република Албанија, додека на метален столб на влезот во Калето било истакнато знаме со натпис УЧК.

Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм, ги забележал знамињата по што пријавил во СВР Тетово, од каде информираат дека се трага по сторителите.

Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот. Во координација со јавен обвинител работиме на откривање на тие што ги поставиле и причините зошто ги поставиле

Инаку, ова не е првпат вакви знамиња да се поставуваат на тетовското Кале, особено околу 14 март, датум кога во 2001 започна воениот конфликт.

Сличен инцидент се случи минатата година, во ноември, кога на јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум Охридски-Чудотворец“, на Попова Шапка беше ставено знамето на Албанија. Тогаш полиција го приведе сторителот.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе