Вести Македонија

Ванковска во „Топ тема“: Никогаш не сум ја криела мојата анти-НАТО позиција, НАТО има многу придонесено за небезбедноста во светот со нелегални интервенции

Ветувам непредвидливост и бурни дебати во кои за некои теми ќе бидам сама наспроти шестмина, најави универзитетската професорка и кандидатка на Левица за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Мојата идеја е да го тестирам тој утврден наратив, со своја кожа и силите на Левица. Она што ме води е стара изрека, односно кратенка, Се вика ТИНА принцип што во превод од англиски значи „не постои друга алтернатива (There Is No Alternative). И тоа е нешто што се вергла 30 години. Нема алтернатива за ова, за она. Значи имаме догма според моето гледање. Некои работи се подигнати на ниво, на нешто што не смее да се преиспитува, не смее да се доведува во прашање, дека е ерес ако воопшто се проговори поинаку“, рече Ванковска.

Според неа, ако се излезе со една тема која отстапува од општиот мејнстрим, за нешто што се смета за национален консензус, за нешто што се смета за тврдо утврдено, тогаш очекува да се најде во ситуација во која сите шест кандидати за претседател ќе и опонираат.

„Кога зборуваме за ова, првенствено е НАТО. Како професор на мировни студии на филозофскиот факултет и со долгогодишно искуство во таа сфера, никогаш не сум го криела моето анти-НАТО позиционирање, затоа што не сметам дека во меѓународните односи со сила се решаваат некои работи. И тоа од ден во ден се потврдува. Моја среќа е што оваа политичка партија го има тоа во својата програма“, истакна Ванковска.

Според неа, вештачки се создава тој наратив дека нема друга алтернатива и дека ние од секогаш сме биле за тоа. Проблематично е, вели Ванковска, што во 90-тите години не се отворила демократска дебата за алтернативите на безбедносното опкружување и консолидирање на малите држави.

„Во Словенија, на пример, моите колеги од фалултетот за општествени науки застапуваа теза за демилитаризација на Словенија уште во времето на осамостојувањето. Точно е дека влегоа во првиот бран на проширување, но сакам да кажам дека ние никогаш не ја отворивме таа дебата. И секој оној што ќе каже дека е против НАТО е или несериозен или нешто му фали“, вели Ванковска.

Повремено имам чувство дека толку сме затворени во меур, кој ќе дојде на Водно, кој ќе дојде во владата и како тука да почнува и завршува целарта приказна, продолжи Ванковска.

„Размислувам во смисла на големата слика на светот кој радикално се менува. НАТО придонесе многу за оваа небезбедност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршејќи на Повелбата на Обединетите Нации. Потоа учеството на членките на НАТО, особено САД, во нелегални интервенции кои ги нарекуваа хуманитарни или како и да е, зад себе оставија куп разурнати земји. Така што тука за се има предисторија. И ова што сега го зборуваме, дали ќе ја зборуваме Украина или Газа или можноста од војна со Кина околу Тајван. Мислам дека НАТО во приказната не е доброто момче, мислам дека ма многу придонесено за небезбедноста во светот и во регионот“, изјави Ванковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 16.5.2024

Дејан Дејан

Охридското обвинителство ги истражува причините за смртта на 7-месечното бебе од Вевчани

Дејан Дејан

Снаата пронајдена мртва, деверот почина на клиника – двојно убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе