Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни со услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максималната од 15 до 22°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 7 Крушево, 8 Маврови Анови, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, 11 Прилеп, Виница, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Штип, Струмица, Куманово, Велес, Дојран, 13 Скопје-Петровец, 14 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
17 Крушево, 10 Скопје-Петровец, Битола, 9 Прилеп, 7 Крива Паланка, Пожаране, 6 Кавадарци, Куманово, 5 Велес, Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово , 3 Охрид, Пожар, 2 Дојран, Тополчани, Маврови Анови, Претор, 1 Штип, Демир Капија, Гевгелија.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.0, Дојранско Езеро 22.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
