Вести Македонија

Доделена наградата „Европска жена на годината“

Алмира Фасљи Муарем, ромска активистка од Скопје, Марија Дуда Дибиаџио, претприемачка од Крива Паланка, Катерина Котеска-Стисниовска, адвокатка од Битола застапник на жените жртви на семејно насислтво, Елмедина Абдулахи, поборничка за здрава животната средина од Тетово, Греса Мустафаи, спортистка од Струга, Ана Витанова Рингачева, универзитетска професорка од Струмица и Далиборка Златева, борец за правата на лицата со попреченост од Велес, беа седумте кандидатки за наградата „Европска жена на годината“ во Македонија.

Тие денеска на свеченоста организирана од Делегацијата на ЕУ во Македонија беа претставени од седум амбасадори на земји-членки на ЕУ и од претставничката на ОН, секоја од кандидатките избрана за наградата како позитивен пример за носење на промени во општество.

На свеченоста не беше официјално презентирана добитничката на наградата, со цел да им се да даде исто значење на сите седум како жени-носители на помени во општеството, но годинашната награда „Европска жена на годината“ во Македонија ја доби Далиборка Златева, борец за правата на лицата со попреченост од Велес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе