Вести Македонија

Даштевски во „Топ тема“: Ако немоќно лице не може да се качи во канцеларија на ДИК за потпис, имаме наредба за вработените да се симнат со книгата

Ако немоќно лице не може да се качи во подрачно одделение на Државната Изборна Комисија (ДИК), тогаш вработените ќе се симнат. Таква наредба имаме дадено“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма во однос на забелешките на одредени кандидати за претседател за местата на кои се собираат потписи од граѓани за нивна поддршка.

„Ако тоа немоќно лице не може да се качи да се потпише како поддршка за одреден кандидат за претседател, тогаш вработениот ќе се симне со книгата. И тоа досега се случувало. Тоа се постари канцеларија, од порано, кои ги наследивме. Некои канцеларии, како на пример во Карпош, во Центар, имаат повеќе пристапи. Ние не сме виновни за тоа. Во тие места имаме поставени и рампи.“, рече Даштевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе