Вести Македонија

Шилегов и Димовски во „Вин-Вин“ за кандидатурите на претстојните избори

Поранешниот пратеник на СДСМ, Шилегов, во емисијата „Вин-Вин“ изјави дека е легитимно секој што смета дека има политичко значење во општеството да ја истакне својата кандидатура на претстојните избори. Според него, допрва ќе се види дали ќе бидат искористени законските прописи и услови што им се на располагање.

„Како и да е, мислам дека во суштина ние ќе се сведеме на не повеќе од четири, евентуално пет, а некој којшто ќе успее да собере потписи, некој којшто, како што сами кажувате, двете најголеми политички партии во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ од една страна, меѓутоа мислам дека е веќе извесно дека фронтот меѓу ДУИ и Обединетата албанска опозиција е извесен“, изјави Шилегов.

Неговиот соговорник, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски смета дека кандидатите за изборите ќе имаат еднакви шанси за своја презентација.

„Ние ќе имаме најмалку 20 дена во коишто сите претенденти и за претседател, но и оние што ги кандидираат како политички структури ќе имаат тотално еднакви шанси и еднакви можности за своја презентација. Дел од тој период го преклопува и периодот на парламентарната кампања подоцна така што мислам дека прилично ќе бидат изедначени можностите на политичките партии да се презентираат себеси“, изјави Димовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе