Вести Македонија Топ вести

Шаќири очекува Собранието брзо да ги донесе новите закони за средно и за стручно образование

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува Собранието брзо да ги донесе новите закони за средно образование и за стручно образование и обука кои вчера, на иницијатива на МОН; беа усвоени на седница на Владата.

  • Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, а се регулира и ученичкото организирање и учество во носење одлуки, напиша Шаќири на Фејсбук.

Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, нагласува министерот, „се заложуваме повеќе години“.

  • Законите се проследени до Собранието и очекувам брзо усвојување, затоа што беа изготвени преку инклузивен процес во кој учествуваа сите засегнати чинители, наведува министерот за образование и наука.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе