Вести Македонија

Ивановска во Топ Тема: Во М-НАВ нема што да се решава, проблемот се дискреционите овластувања

„Нападот на припадниците на ДУИ во М-НАВ предизвика голем револт кај граѓаните поради злоупотребата работните места од чувар па до високите позиции. Крајно време е да сфатиме дека секоја работа треба да си ја вршат професионалци, доста ние од импровизација. Дали високи партиски челници би летале со авион кога би знаеле дека некој не доволно образован врши контрола на летот? Дали кога ќе бидат болни ќе го бараат најдобриот доктор или ќе бараат некој вработен по партиски клуч? А доктори добри има од сите националности. Националноста не треба да биде клучот. Секој има компетенции и знаења тоа треба да биде пресудно“, оцени во вечерашната Топ Тема Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Не би ставила во прашање роднинските врски, туку мерид системот- да се оцени квалитетот и компетенцијата на една личност без влијанија“, рече таа и потсети дека „нашиот образовен систем направил трошок нас сите да не образовал и сега имаме одлив на млади кадри, инженери и доктори, се поради нашата транзиција која трае 35 години“.

Ивановска кажа дека ДКСК не може да отвори предмет за М-НАВ бидејќи се при крај на мандатот , туку сега само ги затвораат веќе отворените предмети.

Спред  неа таму нема што да се решава, бидејќи проблемот се дискреционите овластувања и како нивната злоупотребуваат.

„Кога ќе ги дадете предметот на пример во Јавно обвинителство, а такви дадовме уште во 2019 година, иамше градоначалник во Прилеп кој си имаше вработено блиско лице во општината, предметот го отфрли Јавното обвинителство затоа што не се гонело по службена должност. Тоа било дискреционо право кое е гарантирано во законот“, објасни Ивановска.

Од анализата н ДКСК од тие 19 закони каде што е третирано дискреционото право, каде требаше да се стави ограничена употреба на истото, тоа требаше да се сработи до сега, констатираше Ивановска, која реше како пак тие што вработуваат не се грижат да вработат квалитетни луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе