Вести Свет

Гутереш со вондерно предупредување на хуманитарната катастрофа во Газа- нападите на Израел продолжуваат

Жителите во градот Рафа во јужниот дел на Газа ги расчистуваат урнатините, по израелските напади во текот на ноќта. Сведоците на нападите велат дека 20 луѓе биле убиени и дека меѓу нив има жени и деца, а голем број ранети се однесени во

блиската болница. Израел вели дека мора да ги уништи воените капацитети на Хамас, а на цивилите им беше кажано да побараат засолниште по проширување на офанзива во областите преполни со раселени луѓе.

  • Имаше три многу големи експлозии. Потоа видовме удар врз станот горе, станот на моите браќа. Станот беше целосно уништен заедно со оној под него. Има голем број загинати, околу 20 маченици, со исклучок на ранетите. Повеќето се деца и жени.
  • Тоа беше директен удар. Луѓето одеа по улицата. Немаше предупредување. Не видовме ништо освен тој напад врз нашите домови без предупредување.

Израелската војска објави снимка на која се прикажани силите на 98-та дивизија кои дејствуваат во Кан Јунис во Појасот Газа. Израелските одбрамбени сили соопштија дека војниците  извршиле напад врз баталјонот на Хамас и „почнале целни напади во срцето на градот“. Проширената воздушна и копнена офанзива на Израел во јужниот дел на Газа предизвика раселување на уште десетици илјади Палестинци и ги влоши ужасните хуманитарни услови во енклавата. Борбите ја спречуваат дистрибуцијата на храна, вода и лекови. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се повика на член 99 од Повелбата на Обединетите нации за војната во Газа во кој стои дека „Генералниот секретар може на Советот за безбедност да му го стави како приоритетно секое прашање што според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“.

Повикувањето на членот 99 од Повелбата на ОН е многу ретка ситуација, но како што објаснуваат од неговиот кабинет на Гутереш тој бил принуден да го стори тоа поради обемот на „ужасното човечко страдање“. Израел претходно ги обвини ОН дека достигнале ново морално ниско ниво и тоа е доказ за неговата пристрасност против нив.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека бројот на загинати на територијата надмина 16.200, а повеќе од 42.000 се ранети. Министерството не прави разлика меѓу смртни случаи на цивили и борци, но рече дека 70 отсто од загинатите се жени и деца. Околу 1.200 луѓе загинаа на израелска страна, главно цивили убиени за време на нападот на Хамас на 7 октомври.

Билјана Ставрова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе