Вести Македонија

Скопјани се жалат на ладни радијатори – oд ЕСМ тврдат дека испорачуваат според правилата

Радијаторите млаки, становите недоволно топли. Дел од оние кои ги анкетиравме се пожалија од парното греење. Од ЕСМ пак тврдат – испорачуваме според правилата. Граѓаните велат дека во услови кога надворешните температури се под нулата, дома таа не достигнува ниту до 20 степени. За да се стоплат принудени се да вклучуваат и грејни тела. Се жалат и на лошата испорака на сметките за топлинска енергија.

Од ЕСМ пак уверуваат дека испораката на топлинска енергија се одвива според одредбите од мрежните правила кои ги одредува РКЕ.

Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6ч до 22ч и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен пропишана со регулативата, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 63 000 (домаќинства, деловни објекти и институции).

Грејната сезона почна пред повеќе од еден месец, новата цена на парното се донесе на крајот на октомври наместо во текот на летото, заради тоа што на мостот Беласица не беа почнати активностите за поставување на новиот топловод преку кој се испорачува поевтина топлинска енергија од ТЕ-ТО, за разлика од онаа на топланите.

На поставувањето на цевките од ЕСМ соопштија дека сѐ уште се работи. Цената на парното на крајот од минатиот месец порасна за 4,5 проценти. За разлика од поранешен БЕГ, ЕСМ сега менаџира со парното, со плус 150 работници.

Бислимовски неодамна рече дека во утврдувањето на новата цена не се вкалкулирани вработувањата и побара од компаниите да бидат поефиканси во работењето.

Градско парно користат над 60 илјади домаќинства. Најмногу потрошувачи се приклучени на ЕСМ или поранешно БЕГ, а најмалку на топланата Скопје Север.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе