Култура

Писателката Билјана С. Црвенковска на престој во Словенија

Писателката и главната уредничка на издавачката куќа „Чудна шума“ од Скопје, Билјана С. Црвенковска, е на еднонеделен студиски и работен престој во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ од Љубљана, Словенија. Нејзиниот престој се реализира во рамки на меѓународниот проект  Balkan Translations Collider, во кој професионалци од областа на литературата и издаваштвото имаат можност да престојуваат во различни издавачки куќи и други организации од областа на литературата кои не се од нивните земји, со цел да стекнат различно меѓународно искуство.

Посетата на Црвенковска во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ опфаќа размена на искуства, вмрежување и можност за идна соработка. Црвенковска учествува активно во работата на „Виге Ваге књиге“, издавач кој има сличен развоен пат како издавачката куќа „Чудна шума“ – мал, независен издавач кој активно издава стрипови и графички романи, а од неодамна има отворено и мала книжарница во центарот на Марибор.

Покрај споделување на искуства како работи издавачката куќа и книжарницата  „Виге ваге књиге“, Црвенковска и главната уредничка на издавачката куќа, Ања Голоб (која е и реномирана словенечка писателка и поетеса), споделија искуства за работата на европските проекти, предизвиците со кои се соочуваат малите издавачи во земјите со помали пазари и помала читателска публика, начините на надминување на одредени проблеми како и можностите за вмрежување и партнерство.

Дополнително, одредени искуства од работата на „Виге ваге књиге“ кои се применливи и за македонскиот пазар ќе бидат добредојдени за примена и во работата на „Чудна шума“.

Покрај студискиот и работен престој кај Виге Ваге књиге, Црвенковска во Словенија оствари и работни средби со уште неколку словенечки издавачи, автори и преведувачи.

Престојот на Билјана С. Црвенковска во Словенија е во рамки на проектот Balkan Translations Collider, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Проектот во Македонија го реализира издавачката куќа „Готен“, во соработка со организациите „Некст пејџ“ од Софија, „Поетека“ од Албанија,  Аргх! од Србија, „Сандорф“ од Хрватска и Секретаријатот за култура и спорт – Подгорица (Црна Гора).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе