Вести Култура

Буџетот за наука еден од најниските во последните десет години

За наука се зборува толку ретко кај нас, што човек добива впечаток дека станува збор за табу тема. Без наука, просперитетот на една земја е сведен на неуспех, доказ за тоа е колку се вложува за истата кај нас, вели Петре Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет.

„Буџетот за наука, кој беше предвиден за оваа година, е еден од најниските во последните десет години. Само како споредба издвојувањето на средствата од БДП во ЕУ расте и во 2021 година изнесуваше 2,27 % што како процент е неколку десетици пати поголем од нашиот“, вели Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет.  

Средствата кои ги добиваат универзитетите за наука се понижувачки смета професор Гулабоски, кој неколку години е меѓу топ два процента на највлијателни научници во светот според Стенфорд листата. Државата годишно издвојува само еден милион евра за сите универзитети, вели Гулабоски.

„Фондот за наука под Министерството се дели на некој начин за постигнати резултати преку публикувани трудови во претходната година. Но, тоа значи дека може максимално некои илјада до две илјади евра, максимално да добие научник како поддршка за публикуваните резултати. Е сега ако ви кажам дека во списанијата што се за плаќање публикувањето на еден труд чини повеќе од две илјади евра тогаш можете да замислите колкава е таа поддршка“, изјава проф. д-р Рубин Гулабоски од Универзитетот „ГоцеДелчев“ во Штип.

Според Ангелова, за да може нашата земја да држи чекор со останатиот дел од светот, државата треба многу повеќе да вложува во научно-истражувачката дејност. Сепак не може да се сведе помошта само на еден извор, смета таа, туку да се размислува и на ЕУ фондовите за финасирање на меѓународни проекти.

„Иако вложувањата за истражување и развој се зголемија и во останатите региони, понеразвиените земји, односно земјите во развој сè уште инвестираат помалку од 1отсто од нивниот БДП во истражување и развој. Во оваа група е и Македонија со инвестирање во истражување и развој од 0, 3 отсто од БДП“, изјава проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, УКИМ ги додели и годишните награди за најдобри научници и најдобар уметник на неговите факултети за 2022 година.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе