Вести Свет Топ вести

Исламски Џихад емитуваше видео со двајца израелски заложници – постара жена и дете

Вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад во Газа вечерва објави видео на кое се гледа една постара жена и едно младо момче кои се меѓу 240 заложници киднапорани од вооружените милитанти кои го нападнаа Израел на 7 октомври.

Би Би Си јавува дека го добиле видеото, кое е долго три минути, но нема да го прикаже бидејќи затворениците и заложниците се заштитени од меѓународниот хуманитарно право. Медиумот само опиша што има на видеото кое почнува со постара жена во 70-тите години која седи на инвалидска количка. Позадината од видеото е заматена. Во видеото, постарата жена вели дека и недостигаат децата. „Се надевам дека ќе успеам да се видиме следната недела. Среќни сме и здрави и сакаме сите да бидат среќни“, вели таа.

Веднаш по неа, следува видео од дете, кое најверојатно не се наоѓа на истата локација како и жената.

Двајцата велат дека со нив добро се постапува и го критикуваат израелскиот премиер Нетанјаху.

Исламски Џихад соопштува дека е подготвен да ги ослободи двете лица од хуманитарни и медицински причини откако ќе се исполнат соодветните услови. Но, повеќе детали нема.

Засега, Израел не ја коментира снимката.

Се верува дека најголем дел од заложниците се во рацете на Хамас, но Исламски џихад, помала милитантна група во Газа која е сојузник на владејачкото движење на територијата, претходно изјави дека држи најмалку 30 заробеници.

Видеото е трета снимка со заложници што го објавија милитантите од Газа, кои досега ослободија четворица заробеници – последниот пар 85-годишни жени кои се вратија во Израел на 23 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе