Вести Свет Топ вести

Потрагата по сторителот кој пред два дена усмрти 11 годишно момче, се’ уште трае

Американските власти се’ уште се во потрага по напаѓачот кој пред два дена, од возило во движење, пукаше во толпа луѓе, и уби 11-годишно дете.  Таткото на жртвата ги повика сторителите да се пријават и да одговараат за трагедијата. Праша Колку луѓе треба да ги закопаат своите деца, за некој да престане да убива.

“Само ве молам, секој што знае нешто да се јави.“- Исак Дејвис, татко на убиеното момче

11-годишниот Доминик Дејвис загина на лице место, а пет други деца на возраст од 12 до 15 години се повредени откако напаѓачот од возило во движење во градот Синсинати испука 22 куршуми во толпата деца кои се забавувале во локалниот парк. Меѓу повредените е и 53-годиша жена. Градските власти пукањето го нарекоа „болно и незамисливо“…

Прелиминарната истрага покажа дека лицето кое пукало, се движело во возило со затемнети стакла и темна боја..Началникот на полицијата изјави дека истрагата е во тек и допрва треба да се утврди дали пукањето било целно или случајно.. Таа ги повика сите одговорни за инцидентот да се предадат на надлежните органи.

“Предај се, предајте се. Повикај ја саканата личност. Нека те пријави. Ако не го направиш тоа, ние ќе те најдеме. И ние ќе те изведеме пред лицето на правдата.“- Тери Тетге, началник на полицијата

Вооруженото насилство продолжува да е извор на поделби и контроверзии во САД. Законот за контрола на оружје се уште не може да се донесе во американскиот конгрес.

Во меѓувреме, според Архивата за огнено насилство, само оваа година во САД се регистрирани речиси 37 илјади смртни случаи поврзани со оружено насилство.

 

Мила Тодоровска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе