Вести Свет

Милојко Спаиќ нов премиер, Црна Гора доби нова влада

Пратениците во црногорскиот парламент утрово ја избраа новата влада предводена од премиерот Милојко Спаиќ, по дискусијата која траеше цела ноќ и беше одбележана со остра дебата меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Спаиќ.

По изборот, владата денеска ќе се одржи нова седница на која ќе се одложи пописот на граѓаните што требаше да почне утре и кој опозицијата имаше намера да го бојкотира.

Владата е поддржана од коалицијата За иднината на Црна Гора, која се состои од поранешни членови на Демократскиот фронт (ДФ). Претходно за претседател на Собранието беше избран еден од лидерите на таа алијанса Андрија Мандиќ.

За владата гласаа 46 пратеници, 19 беа против, а еден воздржан. Во црногорскиот парламент има 81 пратеник.

Новиот премиер, претседателот на Движењето „Европа сега“, Милојко Спаиќ изјави дека реформската програма „Европа сега 2“ ќе биде целосно спроведена, како што беше најавено во предизборната кампања и „без ниту една запирка разлика“.

„Едвај чекаме да направиме резултат за нашата земја“, рече тој по изгласувањето на новата извршна власт.

Тој посочи дека поддршката на неговиот кабинет од 46 пратеници е највисока што досега ја имала една влада во Црна Гора. – Тоа е позитивна вест, укажува на стабилност и добра основа за носење реформски закони, очекувам дека ќе оди многу побрзо од претходно, вели тој.

„Имавме фанатична, маратонска седница. Беше интересно. Важно е Влада е изгласана и веднаш почнуваме со работа“, рече Спаиќ.

Тој најави дека во 8:30 часот утрово ќе има примопредавање, а во 10 ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Црна Гора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе