Вести Свет Топ вести

„Сега е време за војна“ – Нетанјаху ги отфрли повиците за прекин на огнот

„Сега е време за војна“ порача израелскиот премиер Бејамин Нетанјаху од Тел Авив отфрлајќи ги повиците за прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа. Израел не ја започна оваа војна, но Израел ќе ја добие, рече Нетанјаху.

Исто како што САД не се согласија на прекин на гонот по нападот врз Перл Харбор или по терористичките напади на 11 септември, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата со Хамас по грозоморниот тероритисчки напад на 7 октомври. Повиците за прекин на огнот се повици Израел да му се предаде на Хамас, да му се предаде на тероризмот, да му се предаде на варваризмот. Тоа нема да се случи, порача израелскиот премиер.

Тврдејќи дека израелската копнена офанзива во Појасот Газа била запрена и дека биле нанесени тешки загуби на израелската армија, од Хамас порачаа дека и тие не се расположени за прекин на војната. Единствениот исход мора да биде независна палестинска држава.

Секоја идеја која не тргнува од реалноста или од принципот за прекин на окупацијата и давање на правото на Палестинскиот народ да има сопствена независна и целосно суверена држава со Ерусалим како нејзина престолнина, каде што луѓето ќе можат да одлучуваат што сакаат, се идеи и пректи кои нема да успеат, рече Газди Хамад, висок претставник на Хамас.

И додека Израел ја интензивираше копнената операција во Газа, Обединетите нации и бројни други организации порачаа дека хуманитарната ситуација во Газа е очајна. Тел Авив врши строга контрола на хуманитарната помош која влегува во појасот, и не дозволува дел од неа да биде и горивото кое пак хуманитарните организации тврдат дека е неопходно за тие и болниците да продолжат да дејстуваат во Газа.

Ова е можеби најлошото што сум го видела во 25 години колку што сум во Светската програма за храна. Мислам дека најтешкиот дел е чувството дека рацете ми се врзани. Генерално досега сме биле во можност на еден начин или друг да им обезбедиме помош на луѓето. Изминатиот викенд и изминатите две недели, тоа што не можеме да им помогнеме на тие луѓе е нешто со што навистина не сме се соочиле до таков степен на сериозност долго, долго време, изјави директорката за вонредни состојби во Светската програма за храна Кјунгнан Парк.

Бројот на загинати цивили во израелските напади во Газа, според Хамас надминува 8.300. 1,4 милиони Палестинци мораа да ги напуштат своите домови откако Израел ги повика да се евакуираат на југот од појасот, пред почетокот на копнените опреации на армијата. Сепак, стотици илјади останаа во северниот дел и сега се наоѓаат помеѓу Хамас и израелската армија, која продира се подлабоко во Газа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе