Вести Свет

Ердоган ја потпиша ратификацијата на барањето на Шведска за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека се надева оти Шведска ќе биде примена во Алијансата многу брзо.

Тој ја даде оваа изјава откако претходно денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го потпиша и го достави до Парламентот на ратификација барањето на Шведска за влез во НАТО.

Го поздравувам испраќањето до турскиот Парламент Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО, рече Столтенберг. – Со нетрпение очекувам да и посакам добредојде на Шведска како полноправен сојузник во НАТО многу брзо. Ова ќе ја направи целата Алијанса посилна и побезбеднa“, додаде тој.

Столтенберг изрази надеж дека расправата и гласањето во турскиот парламент за протоколот за Шведска ќе се одвива брзо.

Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите членки, вкупни 31. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија.

Во јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во Алијансата. Таа дотогаш се противеше на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.

Шведска и Финска се откажаа од децениската воена неутралност откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на воената алијанса во април, додека не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во мај изјави дека односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред Будимпешта да ја одобри кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО.

Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО, рече тогаш Орбан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК одлучи: Ќе се прегласува на избирачки места во Охрид и Крушево

Дејан Дејан

Се струши билборд во центарот на Индија убивајќи 14 луѓе, додека 74 се повредени

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 15.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе