Вести Свет

Земјите членки на ЕУ ги засилуваат граничните контроли од страв од можни терористички напади

Стравот од можни терористички напади низ европските земји ги натера членките на шенген зоната да воведат засилени гранични контроли. По вчерашната одлука на Италија, и словенечката влада со истата одлука на границата со Хрватска и Унгарија. Одлуката стапува во сила оваа сабота, а ќе трае 10 дена, со можност за продолжување на рокот. Во владиното соопштение се нагласува дека земјата ќе стори се за да им го направи животот што помалку комплициран за луѓето кои секојдневно ја минуваат границата.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја коментираше одлуката та на словенечката влада, објаснувајќи дека тоа е реакција на потегот на Италија и дека девет земји-членки на ЕУ веќе имаат посебни гранични контроли. Шенгенот не е завршен, но има проблем, рече Пленковиќ, додавајќи дека воведувањето гранични контроли не е новина.

За подобро да разберете како функционира Шенген денес, со воведувањето на привремени гранични контроли, треба да знаете дека Австрија има такви мерки за Чешка, од оваа недела, Германија за Полска, Чешка и Швајцарија, Норвешка за сите бродови во пристаништата кои пристигнуваат од Шенген, Германија има на копнената граница со Австрија, Австрија со Словачка од пред неколку дена, Чешка со Словачка, Полска со Словачка, Словачка со Унгарија, Шведска на сите граници, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Словенија и Италија не се единствените.  Последниот терористички напад кој се случи во Брисел, ги седна министрите за внатрешни на земјите членки на унијата да дискутираат за новите моменти. Зголемените антисемитските напади, радикализацијата на младите луѓе на интернет, употребата на шифрирани услуги за пораки од криминалци или екстремисти и потребата да се забрза депортацијата на луѓето кои можат да претставуваат јавна опасност се новите грижи на Европа.

Повторното воведување на контролите, според правилата на Шенген, може да биде само последна мерка во исклучителни случаи, при што земјите мора да го почитуваат принципот на пропорционалност. Сепак, повиците за зголемување на безбедноста на границите на стариот континет, исто така, предизвикува длабока вознемиреност, бидејќи решенијата за кои се дискутира може да го поткопа слободното движење и правото на отворени собири во Европа.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе