Вести Свет

Рама до рускиот амбасадор во СБ на ОН: Запрете ја војната и Зеленски нема да зборува

Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја денеска претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната во Украина, се скара со рускиот амбасадор зошто прв зборувал украинскиот претседател.

Сакаме да ве прашаме – врз основа на што решивте да му дадете збор на претседателот на Украина Володимир Зеленски пред да зборуваат членовите на Советот за безбедност, од кои многумина се претставени овде на ниво на претседател и премиер?, праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.

Рама прво објасни дека темата е војната во Украина и оти тоа е причината, дека е така според правилата.

Морам да кажам, кога целата оваа лекција за кршење на правилата во оваа зграда доаѓа од вас, тоа навистина е импресивно. Но бидејќи неколку пати повторивте дека прекршувањето е тоа што претседателот Зеленски зборува пред да зборуваат членовите на Советот, имам решение за тоа, ако се согласувате. Вие запрете ја војната и претседателот Зеленски нема да зборува. Она што него го направи овде важен и зошто е важно прво него да го слушнеме па потоа да разговараме, за тоа сте заслужни вие, а не ние, му одговори Еди Рама.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе