Вести Македонија Топ вести

Лога: Со милион амандмани ќе блокираме евентуален пазар меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за амнестија за 27 април

Министерот за правда, Кренер Лога, нема информација дека се преговара за нова амнестија надвор од таа која што тој ја најави за ослободување на капацитетите во затворите.

Тој во изјава за ТВ 24  рече дека доколку евентуално се случи пазар меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за амнестија за осудените за 27 април и за изборните нерегуларности, Алијанса за Албанците жестоко ќе се спротистави и ќе го блокира со милион амандмани.

Mинистерот Лога преходно на социјалните мрежи објави форографии од лошите услови во затворите во кои затворениците ги издржуваат казните и напиша дека предлогот на законот за амнестија е итно потребен, дури е и со задоцнување.

Држава која затворениците не ги третира како човечки суштества не може да се нарекува држава.

Министерот за правда не ги потпиша ниту контроверзните измени на Кривичниот законик кој дел од стручњаците го оценија како тивка амнестија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе