Вести Македонија Топ вести

Гаши: За да поминат уставните измени се организира враќање на Греувски

Измените на Кривичниот законик се направија за да се амнестира избеганиот поранешен премиер Никола Груевски со цел да се обезбеди поддршка за уставните измени, изјави лидерот на Алтернатива Африм Гаши кој тврди дека партијата има информации дека владина делегација била во Будимпешта и договорала лично со Груевски за кои предмети тој да биде амнестиран.

  • „По изгласувањето на Кривичниот законик јас се срамам што сум пратеник“, рече Гаши во интервју за Алсат М. Според него, враќањето на Груевски има и уште една цел – да ослаби „друга партија“, а партијата на власт да ги добие изборите.

„Нашите информации се дека на сцената се нечесни игри. За да поминат уставните измени се организира враќање на Греувски, а тој всушност го започна уништувањето на Македонија и беше најголемиот антиалбанец премиер до сега“, рече Гаши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе