Вести Македонија

Фон дер Лајен: Проширувањето нема да ја направи ЕУ помалку ефикасна

Сите кои мислат дека проширувањето ќе не направи помалку ефикасни грешат. Ова денеска го порача претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен, во своето обраќање пред Европскиот парламент, велејќи дека Европската унија треба да биде посветена и да размислува како да се комплетира.

  • Треба да ги надминеме старите, двострани дебати за проширувањето. Не станува збор за подлабока интеграцијата или проширување на Унијата. Можеме и мораме да ги направиме и двете. Да ни даде геополитичката тежина и капацитетот за дејствување. Тоа е она што Унијата отсекогаш го правела. Секој бран на проширување доаѓа со политичко продлабочување. Преминавме од јаглен и челик кон целосна економска интеграција. И по падот на Железната завеса, ние економски проект го престоривме во вистинска Унија на луѓе и држави. Сметам дека и следното проширување мора да биде катализатор за напредок“, изјави Урсула.

Фон дер Лајен на европратениците им порача дека Европскиот парламент отсекогаш бил еден од главните двигатели на европската интеграција и  ги потести на големото проширувањето од пред 20 години кое ЕУ тогаш го нарекла Европскиот ден на добродојде и кое на ЕУ до донела економски  напредкот. Таа побара ЕУ да гледа напред кон нов дена на добродојде.

  • „Знам дека ќе тоа не е лесен пат. Пристапувањето е засновано на заслуги и комисијата секогаш ќе го брабни овој принцип. Ќе биде потребне напорна работа и лидерство, но веќе има многу прогрес. Видовме големи промени откако Укарина го доби кандидатскиот статус. Видовме и посветеност кај другите замји – кандидати за реформи. Почитувани пратеници, сега е време ние да одговориме на таа посветеност“, рече Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европска комисија.

Фон дер Лајен обраќањето пред европратениците кое го фокусираше на безбендста на Унијата, климатските промени, дигиталната ера, а го заврши со проширувањето, при што рече дека Унија може да биде Унија и на над 30 држави, но со укажување дека  треба да се разгледа поблиску секоја политика и да се видиме како тие ќе бидат засегнати од една поголема Унија. За што најави дека Комисијата ќе започне да работи на серија прегледи на предпристаните политики за да види како секоја област можеби да биде прилагодена на поголема Унија, вклучително и функционирањето на европските институции и буџетот на Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе