Вести Македонија Топ вести

Градоначалникот на Желино нека не мудрува, пола општина му е дивоградба – министерката Петровска за иницијативата за споменици

Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска во пост на нејзиниот официјален Фејсбук профил.

„Во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби, не е баш умешно да ми дава правни совети. Драго ми е што го охрабрив и градоначалникот на Бутел после две години од неговиот мандат да започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема. Деновиве се воздржував од коментари на сè што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства. Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, пишува Петровска во постот на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија

Дејан Дејан

Украина најави рекорден увоз на струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе