Вести Македонија

Министерството за здравство 8 месеци не лаже, договорот за набавка потпишан, а терапија нема – протестно писмо на Сојузот на дијабетичари

Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија упати јавно протестно писмо до Министерството за здравство во кое се вели дека „нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец“, но и дека „предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени“.

Во писмото понатаму се вели:

-Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво осум месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема, велат од Сојузот.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7 460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135 690.

-Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Доколку тука ги додадеме и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во нашата држава се соочува со последиците од дијабетесот.

Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци, велат од сојузот и додаваа:

-Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе