Вести Свет Топ вести

Уапсени 667 лица, повредени 294 полицајци – трета ноќ на насилните протести во Франција

Бројката на уапсени лица по третиот ден на насилните протести во Франција, по убиството на 17-годишното момче, се искачи на 667. Според францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дармијан повредени се вкупно 294 полицајци, но никој сериозно. Тој вчера распореди контингент од 40.000 полициски службеници.

И третата ноќ ширум регионот на Париз имаше нереди кои се проширија и во Белгија, откако тинејџер од алжирско-мароканско потекло беше убиен од полицаец за време на сообраќајна контрола во вторникот наутро. Запалени автомобили и згради, оштетени излози, превртени автобуси, а демонстрантите ја нападнаа полицијата со камера и пиротехнички средства. Во пламен беше и деловна банка во Нантер, пожарот се прошири и во станбените единици над експозитурата. Пожарникарите го изгасија пожарот во кој нема повредени лица.

Насилства избија во Марсеј, во Лион, во По, Тулуз, во Лил, во Бордо, во Гренобл, како и делови на Париз, вклучувајќи го и работничкото предградие Нантер, но и во Брисел.

Обвинителите вчера отворија официјална истрага за убиство од небрежност против полицаецот кој е задржан во притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе