Вести Македонија

Негативни реакции за книга за страдањата на дете – хомосексуалец ги одразуваат состојбите во македонското општество денес

Шок и вадење од контекст на нештата, велат од издавачката куќа „Полица“, во врска со бурата негативни реакции на Фејсбук од граѓани од групата „Преземи одговорност“, откако од средината на месецов, книгата „Крајот на Еди“ од Едуар Луј, која зборува за дете -хомосексуалец, се продава по половина цена, како дел од традицијата на овој издавач, на половина месец цените на книгите да ги намали за половина. Од „Полица“ велат дека реакциите се одраз на состојбите во кои се наоѓа нашето општество.

„Јас се шокирав реално од реакцијата на луѓето и сфатив дека она што најмногу го мразам- буквално неукоста, вадењето од контекст на работите, недочитувањето, доведоа до ова дереџе каде што е ова општество“, изјави Билјана Петровска од издавачката куќа „Полица“.

Засрамете се, нема да ви ја купиме книгата, многу добра антиреклама, разбирате ли сега што значи народ и не сфаќате ли дека рекламирањето извитоперени вредности води во банкрот, се само дел од реакциите на групата „Преземи одговорност“. А, од „Полица“ велат дека книгата е вклучена во квир литературата, зашто авторот е хомосексуалец, но дека таа не ја слави сексуалната ориентација, туку е автобиографија на писателот, кој страдал како дете во рурална средина во Франција и напишал социјална драма.

„Кога ги купувавме правата 2017 година, неговиот агент инсистираше, дали ќе биде претставено добро во преводот. Затоа што не се работи тука за славење на сексуалната ориентација на детето, туку неговото страдање затоа што не може да се вклопи во нормативите на општеството, додава Петровска.

Од „Превеземи одговорност“ велат дека проблемот е во тоа што на сила им се наметнува нешто што е поразлично од нивниот светоглед и ги таргетира децата кои се црвената линија што не треба да се преминува. Но, и дека манипулацијата од „Полица“ е што целиот фокус го свртеле кон книгата, а не врз фактот дека таа е на половина цена, по повод месецот на борбата за правата на ЛГБТИ заедницата.

Од „Полица“ со одговор дека се приватен издавач, кој има право на сопствена понуда на книги кои никому не ги продаваат со сила. Но, и дека децата треба да се учат да почитуваат за да бидат почитувани и дека родителите треба да ги прифатат, без разлика на нивната сексуална ориентација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе