Вести Македонија

Синдикатот на самостојни научни установи бара покачување на платите

Достоинствени плати и соодветно вреднување на трудот на оние кои се посветени на науката, побара Синдикатот на самостојните јавни научни институти. Во изминативе години се зголемија животните трошоци, но нивните плати се исти доколку се има предвид дека последен пат биле покачени во 2019. Бараат нов колективен договор налик на оној на Синдикатот за култура и договорот на СОНК за високо-образовната и научната дејност.

Консултирајќи ги правните акти сфативме дека најдобро е да се врземе за некој процент од просечната плата во Македонија.  И тој процент можеме да го преговараме, нашиот предлог е тој процент да биде 60% со што би било на ниво на најниска плата и тогаш не би се создавале низа проблеми кои се создаваат на ваков начин кога работни места кои не бараат образование да се изедначуваат со оние кои бараат поголема стручна подготовка, вели претседателката на ССЈНУ проф. д-р Лорета Георгиевска.

Во меѓувреме во одредени институти нема нови вработувања, во Институтот за фолклор со години не е вработен ниту еден млад истражувач, ниту пак се одвојуваат доволно средства  за научно -истражувачки проекти.

-Државата малку се ангажира на полето на науката особено во нашата област каде што се јавните научни установи. Да потсетиме тука се установите од витален национален интерес како што се Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор, Институтпт за македонска литература, Албанолошкиот институт. Државата мора да вложи за да научните работници го дададат максимумот во своите научни истражувања, смета проф. д-р Зоранчо Малинов од Институт за фолклор.

-Од нас се бара да даваме пари од личниот доход за плаќање на научни трудови по импакт фактор , значи ние да дадеме наши пари па потоа да ни ги рефундираат, исто за научни конференции во странство кое е стотици евра со авионски карти треба прво ние да ги платиме па да ги вратиме назад, додава проф. д-р Драган  Ѓалевски од Институтот за национална историја.

Членството на Синдикатот на самостојни јавни научни установи на денешната средба го даде својот предлог за новиот Колективен договор, надевајќи се дека Министерството за образование и наука ќе има слух во најскоро време да бидат исполенети нивните барања.

Нина Стефанова

Одговор од МОН:

Легитимни се барањата на вработените во јавните научни установи за зголемување на нивните плати и информираме дека тоа ќе се случи со усвојувањето на новиот општ колективен договор, по што ќе се пристапи и кон изработка на грански колективен договор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе