Вести Македонија Топ вести

(Видео) Честитка од Али Ахмети по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, на македонски јазик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати видео честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј до македонскиот народ.

-Почитувани мои сограѓани, нека е честит Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ – нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!, вели Ахмети во видео честитката по повод 24 Мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе