Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Како да се подобри ранкингот на УКИМ, дебата на кандидатите за нов ректор

Нелојална конкуренција, отсуство на систем за развој и за истражување, лоша техничка опременост но и кадрова неекипираност како и недостаток на научни истражувања.

Ова се дел од проблемите кои ги детектираа вечерашните гости во Топ Тема, кандидати за ректор на УКИМ на изборите кои ќе се одржат идната недела. Околу рангирањето на УКИМ и слободниот пад тие се децидни, државата односно Владата треба да донесе одлука дали сака УКИМ да биде во првите илјада универзитети во светот и согласно одлуката да даде поддршка.

Проф-др, Ратко Дуев, оцени дека државата влегла во модел кој го имаат развиените земји и кој всушност ја создал нелојалната конкуренција, бидејќи сите студенти започнале да се борат за студенти и финансии.

„При тоа ги спуштија своите критериуми и тој погрешен начин на финансирање во високото образование ја создаде состојбата која ја имаме и денес“ – оцени Дуев.

Според проф-др, Горан Ајдински, повеќе од половина од факултите на УКИМ немаат ни асистенти или имаат по неколку асистенти.

„Филозофскиот факултет во Скопје – 105 професори, два асистенти, 12 студентски програми. Педагошки нема, уметност нема, шумарски, да не ги редам. Освен техничките науки и економскиот факултет. Што понатаму? Треба да се пишуваат проекти, проекти и проекти. Треба да има проектно одделение, каде што стручњаци и специјалисти ќе пишуваат проекти, под раководство на професорите. Само така може да одиме напред“ – вели Ајдински.

УКИМ паѓа зашто недостасуваат системски мерки, смета проф-др Христина Спасевска.

„Ние ги наградуваме најдобрите научници, кои сами се избориле да бидат најдобри. Немаме системски поддршка на докторантите и на пост-докторантите кои се реално оние кои треба да бидат двигател на науката во државата. Редовните професори се менаџери кои треба да работат на проекти, да менаџираат проекти а науката сепак ја прават помладите колеги.“ – вели Спасевска.

„Ние имаме колешка која е од фармацевтскиот факултет, која беше два пати по ред меѓу 2 отсто најцитирани, која не беше прогласена за најдобар научник на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Значи, треба да се грижиме и за оние кадри, кои што творат. Тоа е колешката Бауер, така да прашањето е начинот на кој ќе се грижиме за да го подобриме понатаму рангирањето“ – оцени проф-др Атанас Кочов.

„Наредниот чекор ќе биде рангирањето на Шангајската листа, која што има прилично ригорозни критериуми. За да можеме да дојдеме таму, ни треба партнер. Тој партнер е државата. Ако државата стратешки се одлучи дека УКИМ треба да биде рангирана на Шангајската листа, како најголем, најстар, најдобар универзитет во Македонија. Тоа мораме да го направиме во тоа стратешко партнерство со државата“ вели професор доктор Билјана Ангелова.

Целата дебата може да ја проследите на наредниот линк:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе