Вести Македонија

Русија тврди дека елиминирала 70 украински саботери во Белгород – Украина вели дека тоа е внатрешен руски конфликт

Брзо и исклучително остро ќе реагираме на секој иден напад на нашата територија, порача рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, два дена откако во прекуграничниот руски регион Белгород се водеа борби со, како што официјална Москва ги нарекува, вооружени милитанти од соседна Украина.

Во текот на анти-терористичката операција, националистичките формации беа блокирани и поразени со воздушни напади, артилериски оган и активностите на единиците на граничните сили на западниот воен регион. Остатоците од националистите беа потиснати на територијата на Украина, каде продолжија да бидат гаѓани, се додека не беа целосно елиминирани“ – вели рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Шојгу тврди дека биле елиминирани најмалку 70 напаѓачи кои дошле од Украинска територија , а биле уништени и повеќе нивни оклопни возила и вооружување, меѓу кои и американските возила Хамви.

Гувернерот на Белгород, порача дека безбедноста на жителите во овој регион треба да биде клучна задача за безбедносните служби, додавајќи дека честото прелевање на конфликтот од Украина на руска територија и кај него создава дилеми за кои одговорот треба да го даде министерството за одбрана.

„Се согласувам со вас, јас имам уште повеќе прашања за министерството за одбрана. Не сакам да коментирам за тоа, затоа што мислам дека тоа не е правилно“ – додава гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков.

Гладков додаде и дека во регионот се чести нападите со дронови, кои доаѓаат од соседната земја.

Официјален Киев негира дека во борбите во Белгород учествувале припадници на нивните вооружени сили, тврдејќи дека тие се резултат на внатрешен конфликт во Русија и единици кои не го поддржуваат претседателот Путин.

Од можните украински напади на руска територија се дистанцираа и Соединетите американски држави, кои порачаа дека тие не охрабруваат или поттикнуваат на напади во Русија.

Стејт департментот изрази и резерви околу веродостојноста на информациите дека напаѓачите користели американски борбени возила, дел од воената помош за властите во Киев.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе