Вести Македонија Свет

ФОТО: И во Киев има споменик на Кирил и Методиј, но сега со вреќи песок е заштитен од можна штета од руско бомбардирање

(споменикот на Свети Кирил и Методи е на десната страна на фотографијата)

Во центарот на Киев е споменик на заштитничката на главниот украински град, принцезата од десетиот век светицата Олга.

Споменикот е изграден на еден од големите киевски плоштади во 90-тите години од минатиот век откако Украина ќе прогласи независност и ќе раскрсти со комунизмот.

Споменикот се состои од три скулптури. Во средина е светицата Олга, а од нејзината лева страна е споменик на браќата од Охрид, сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Како споменикот на светицата, така и Свети Кирил и Методи не може да се видат затоа што е покриен со вреќи песок, заштитен појас од евентуални штети од руските бомбардирања кои зачестија во последните денови.

(Споменикот на Св.Кирил и Методиј е на крајната десна страна на фотографијата од спомениците покриени со вреќи)

На тој начин, тројната споменична скулптура сега изгледа како воен уметнички перформанс.

Русија тврди дека елиминирала 70 украински саботери во Белгород – Украина вели дека тоа е внатрешен руски конфликт

За споменикот на Свети Кирил и Методиј беше известувано и во рамки на репортажата од Киева, Украина за годишнина од почеток на војната во емисијата КОД, објавена во недела, на 26.02.2023.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе