Вести Македонија

Работната група за уставни измени ќе започне со усвојување на Деловникот

Изгласување на Деловникот ќе биде првата задача што утре ќе ја сработи Работната група за уставни измени.

Дури потоа, овој голем состав од 23 члена, ќе пристапи на подготвувањето Иницијатива за менување на Уставот.

Иако Владата повеќе пати повторува дека очекува текстот да биде готов до крајот на мај или почетокот на јуни, за да може да се проследи до Собранието и да се организира јавна расправа, претседателката Цаца-Николовска тврди дека за нивната работа нема рокови.

Професорот по уставно право, Денис Прешова, потврдува дека уставни измени ќе мора да направиме поради преземените меѓународни обврски и европските заклучоци.

Формирањето работна група пред Собранието воопшто да прифати менување на Уставот, го смета за вообичаена пракса.

Иако поканет, Прешова сепак не стана член на работната група.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ не делегираше свои претставници во работната група и цврсто стои на ставот дека во овој парламентарен состав уставни измени нема да поминат.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Дејан Дејан

Втората половина од годината можен почеток на монетарно олабавување, Народната банка препорачува да продолжи фискалната консолидација

Дејан Дејан

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе