Вести Македонија

Секоја година има се помалку население во Македонија, за 2050 година проценките се дека ќе има околу еден милион жители

Просечната возраст на граѓаните во Македонија се зголемува, а тоа се должи на иселувањето на младите. Овој тренд можно е да се задржи бидејќи има пад на фертилитетот и клучно просечната возраст на граѓаните во Македонија веќе е на крајот од репродуктивниот период. Според проекциите на Обединетите нации до 2050-та година доколку продолжи овој тренд во земјава ќе остане околу еден милион жители.

-Се соочуваме со континуиран пад на фертилитетот при што порастот на просечниот век стагнира. Овие процеси не се карактеристика само за нашата држава туку ја зафаќаат и источна европа. Потребно е да го прошириме фокусот и да размислуваме околу старосната возраст, миграциите, трендовите на смртност, возраста на добивање на потомство, вели  Марија Димитровска, аналитичарка на програма, население и развој.       

Министерството за труд и социјална политика работи на нов стратешки документ за демографски политики. Со цел да се стави крај на малолетнички бракови, родово базираното насилство, мајчинската смртност и услови за планирање на семејство.

-Искоренување на сиромаштија, никој да не е гладен, добро здравје, квалитетно образование, чиста вода и основни санитарни услови, достојна работа, вели  Аница Драговиќ, социолог.

И на светско ниво, трендовите се менуваат и се забележува пад на наталитетот. Бројот на жители на планетата со декади нагло се зголемуваше, неодамна достигна и до бројката од 8 милијарди, но во наредниот период, прогнозите на ОН се дека растот значително ќе се забави и ќе помине многу повеќе време додека да се стигне до бројката од 9 милијарди жители, а клучни ќе бидат десетина држави од Азија и Африка каде ќе има многу висок наталитет.

По дваесет години во Македонија во 2021 година беше спроведен попис кој покажа дека за две декади сме загубиле речиси двесте илјади жители па вкупното население во Македонија, откако се преброивме изнесува 1,8 милиони жители.

Тамара Марковска

Бугарскиот однос кон Македонија е ист како рускиот кон Украина, Ковачевски со остар одговор на обвинувањата на Јотова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе