Вести Македонија Топ вести

Бугарскиот однос кон Македонија е ист како рускиот кон Украина, Ковачевски со остар одговор на обвинувањата на Јотова

Остри критики за однесувањето на Бугарија кажа премиерот Димитар Ковачевски во Рејкавик, каде се одржува Самит на Советот на Европа. Во говорот на дебатата Обединети за Европа, тој и одговори на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, велејќи дека нејзините обвинувања дека Македонија не ги почитува правата на Бугарите се неосновани.

Дискурсот кој нашироко се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е лажни и неосновани обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно призната како успешно функционално модерно мултиетничко општество и демократија. Сите меѓународни извештаи за човекови права го потврдуваат тој факт. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права, рече ковачевски.

На тема македонско-бугарски односи, многу посмирени тонови во Скопје, на форум што го организираше Белградскиот центар за безбедносна политика. Претседателот Стево Пендаровски рече дека имаше барања кои го напаѓаа македонскиот идентитет и отворено ги кажа трите барања на Бугарија пред да се усвои францускиот предлог кои немаа, како што кажа, ништо со реалните европски критериуми за членство.

Бугарија пред две и пол години почна да испорачува барања кои немаат ништо, да повторам, ништо со реални европски критериуми за членство, рече пендаровски.

8,09 На крај од сето тоа ние ја прифативме преговарачката рамка што ја даде тогашното француско претседателство која не содржи ништо од овие точки кои беа понижувачки за сите нас етничките Македонци, и го имавме тоа барање, кое го прифативме да се впишат Бугарите, мало малцинство кое живее во С. Македонија, во Уставот.  8,33

Ова го слушна и Весела Чернева од Европскиот совт за меѓународни односи која долги години соработува со колеги од Македонија.

Европската иднина на Македонија бара уставни промени. Ова е нешто за што сите треба да помогнеме да се случи. Бугарскиот парламент гласаше речиси единствено за ова. Верувам дека тоа става точка на целата дебата околу (идни) барања, рече таа.

Чернева верува дека во време на заладени однсои меѓу двете земји, со разговори и дебати, можно е да се создаде атмосфера на добри меѓусоседски односи.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе