Вести Македонија

Прешова: Случувањата во Судскиот совет се манифестација на кризата на конституционализмот во државата

Случувањата во Судскито совет околу разрешувањето на претседателката Весна Дамева и изборот на Сашко Ѓоргиев за нов претседател, според универзитетскиот професор Денис Прешова смета дека претставува манифестација на еден поширок проблем, а тоа е кризата на конституционализмот во државата. Таа криза, според него веќе подолг временски период ни се провблекува и трпиме сериозни последици поради тоа, особено на планот на владеењето на правото.

Сето тоа е системски проблем бидејќи основните механизми на инструменти, институции кои би требало да ја врамат политичката власт во рамките на правото и да ја контролираат таа да не биде злоупотребувана, очигледно не се на нивото на задачата, и постојат повеќе причини за тоа, рече прешова во вечерашната топ тема на телма.

Од самиот почеток невладиниот сектор, посебно Коалицијата Сите за правично судење, медиумите и експертите во текот на досегашната дебата, многу јасно посочија каде се основните проблеми и каде се прекршувањата на процедурата.

Детално беа опишани, како во однос на утврдување на дневниот ред, додавање на точки на дневниот ред, прашањето на гласањето, колкав е потребниот број на гласови за да може, евентуално, доколку воопшто може да биде разрешена сега веќе поранешната претседателка Дамева. Од тој аспект мислам дека работите се прилично јасни, рече прешова.

Додаде дека е очигледно оти постојат прекршувања, но повторно истакна и резерва во толкувањето дека претседателот на Судскиот совет, во однос на функцијата претседател на Судски совет, не може воопшто да биде разрешен.

Апсолутно е точно дека во Законот за Судскиот совет не постои одредба каде што е предвидена постапката, ниту бројот на гласови за разрешување. Единствено она што е предвидено како во законот така и во деловникот е постапката за избор. Но, воедно нема ниту една одредба за престанок на мандат, на пример немате одредба која предвидува можност претседател на Судски совет да даде и оставка. Слична е ситуацијата и кај други институции, претседателот на Собранието, претседателот на Уставниот суд итн, вели тој.

Тој смета дека не би требало да се покриваат одредбите и самиот закон и правните акти само врз основа на една ситуација и треба да се има во предвид какви последици ќе има толкувањето, и дали тоа ќе биде соодветно и во иднина за поинакви ситуации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе