Вести Македонија

Прешова: Политиката ќе врши притисок врз судството се додека политичката цена за тоа не стане превисока

Политиката никогаш нема да одолее на искушението да врши притисок врз судството и да го контролира, се додека политичката цена за тоа не е доволно висока за да престанат тоа да го прават, смета професорот Денис Прешова.

Политичката цена ќе стане висока кога судиите ќе се отворат, ќе се одважат, бидејќи како што вели еден познат канадски конституционалист кој ја анализираше состојбата со судството и генерално состојбата со демократијата и владеењето на правото во САД за време на администрацијата на Трамп, и во Унгарија и Полска, единствено нешто, вели, поопасно од партизација, партиско заробување на судството е индиферентноста и себичноста на судиите. Тој конформизам кој што некогаш го практицираат, смета Прешова.

Тоа не значи дека сите од еднаш ќе излезат и истапат, ќе истакнуваат проблеми генерално со владеењето на правото, додава тој посочувајќи дека таквата слобода на изразување на судиите е и според стандардите на Советот на Европа.

Прибе во својот втор извештај 2017 година, односно неговата експертска група која веќе некое време не се спомнува, а сега случајно се спомна бидејќи гостуваше на еден настан во Скопје, многу јасно упатија во тој извештај да не се замени една форма со друга форма на заробување. За жал, јас сметам дека ние веќе сме навлезени во таа друга форма на заробување. Единствено поради овие разидувања немаме уште подлабоко загазено во таков вид на заробување, рече професорот прешова.

Како едно од решенијата предлага да се посвети многу поголемо внимание на менување на судската култура.

Вие не можете да имате судско самоуправување ако самите судии не се сметаат за власт и не сакаат сами да се управуваат. Погледнете по колку кандидати се пријавуваат за местото член во Судскиот совет, се помалку. Најчесто по еден или двајца. Знаете какви коментари ќе чуете најчесто од судиите – „Никој не ни кажа да се кандидираме“. Значи секогаш бараат и решение од некој друг, инструкции од некој друг, не се перцепираат себеси како посебна власт. Во една прилика, во едно интервју ќе речат, нема да кажам од кој е цитатот, секако анонимни беа интервјуата, судиите многу сакаат да бидат независни, но многу добро знаат дека ако нивното дете, или некој нивни близок треба да се вработи, тоа ќе го сторат само преку партија, или најчесто преку партија. И дека ако имаат потреба од нешто друго, ќе треба да се обратат до партија. И тоа е цитирано во еден од трудовите што го имаме во однос на истражувањето на судската култура во регионот, во Македонија, Албанија и Србија, и тоа е внесено во рамките на тоа истражување, рече професорот прешова.

Осврнувајќи се на степенот на доверба кај граѓаните кој судството го ужива, Прешова посочи дека тој не се разликува многу од степенот на доверба на останатите инсититуции за да им даде право да се мешаат во судството.

Претходно една анализа на Евротинк, сега последната анкета на ИРИ, се повикуваат редовно, и тоа можеме да го забележиме фамозните 4 проценти. Но, ако ја погледнете таа анкета ќе забележите исто така дека и Собранието има 4 проценти, дека политичките партии имаат 4 проценти, дека владата има 7 проценти, тоа е комплетна доверба. Владата има 21 процент делумна доверба, Собранието има 21 процент делумна доверба, судството има 19 проценти делумна доверба. Значи не отскокнуваат тие толку за да имаат право на тој начин да коментираат што се случува во судството, кога буквално во нијанси можеме да дискутираме во однос на тоа каде е помала довербата или поголема недовербата, во однос на овие институции. Тоа е сето дел од таа константна тензија и притисок што се прави за да може полесно да се контролира судството, смета прешова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе