Вести Македонија

Физички ја нападнал, ја принудил на секс и го снимал чинот – уапсен жител на Виница кој ја малтретирал вереницата

Дваесет и шестгодишен жител на Виница и приредил пекол на неговата 20-годишна невенчана сопруга во семејниот дом. Недоразбирањето што го имале, минало во физички напад, принуда на полов однос од кој направил и експлицитни снимки, соопшти СВР Штип. Случајот е пријавен во полиција која го лишила од слобода.

„На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А. (26) од Виница, затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина“, соопшти СВР Штип.

Со случајот е запознат и јавен обвинител и по целосно документирање против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари – МВР лиши од слобода 15 лица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе