Вести Македонија

Договорот за извоз на жито и пченица преку Црното море продолжен за наредните 60 дена

Русија се согласила за продолжување на договорот кој и овозможува на Украина да испраќа бродови со пченица преку Црното Море, до земјите ширум светот кои се соочуваат со глад на своето население, соопшти генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Турција и светската организација посредуваа во постигнувањето на договорот меѓу двете завојувани страни минатото лето, кој беше постигнат заедно со посебен договор кој требаше да овозможи испраќање на пратки со руска храна и ѓубриво, кој официјална Москва инсистира дека засега не се почитува.

Русија бара итно решение на нивните барања, заканувајќи се во спротивно дека ќе го напушти договорот.

Продолжувањето е добра вест за светот. Одредени прашања остануваат. Но, претставниците на Русија, Украина, Турција и Обединетите Нации ќе продолжат да разговараат за нив. Гледајќи во иднината, се надеваме дека извозот на храна и ѓубриво, вклучувајќи го амонијакот од Руската федерација и Украина ќе стигне до глобалните канали за снабдување на безбеден начин и со предвидливост“ – вели Гутереш.

Ја потврдуваме информацијата на Преседателот на Турција за двомесечното продолжување на Црноморската иницијатива. Така, ова е шанса, не на зборови, туку на дела, да се обезбеди глобалната безбедност на снабдување со храна, пред се, како помош за државите на кои најмногу им е потребна. Нашата фундаментална проценка за договорот од Истанбул од 22-ри јули не е променета и непочитувањето на неговата примена треба да биде корегирана што е можно побргу“ – додава Захарова.

Продолжувањето на договорот за непречен извоз на пченицата преку Црното Море е победа пред се за земјите во Африка, Блискиот Исток и делови од Азија, кои зависат од украинското и руското жито, пченица, јачмен, растително масло и други прехранбени производи.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе