Вести Свет Топ вести

На денешен ден, пред 43 години, почина Јосип Броз Тито

Пред 43 години, на 4 мај 1980 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) Јосип Броз Тито, водачот на југословенските партизани во Втората светска војна и лидер на Комунистичката партија на Југославија.

По тој повод, вечерва на ТВ Телма, со почетокот во 19:15 часот, ќе се емитува документарниот филм „Бриони – Островот на црвениот цар“, за ликот и делото на Маршалот.

Во 1948-ма година по судирот со Стаљин, тој ја дистанцираше Југославија и се оддалечи од советскиот блок, го иницираше нејзиниот сеопфатен развој и беше еден од водачите на Движењето на неврзаните.

Тито беше на чело на Југославија од 1945 година до неговата смрт, а почина на 88-годишна возраст, во Клиничкиот центар во Љубљана, главниот град на Словенија, во 15:05 часот.

Неколку години, на 4 мај во 15:05 часот, се огласуваа сирените и превозот запираше, а граѓаните на Југолсавија стоеја во место и со молчење му оддаваа почит на Тито.

Четириесет и третата годишнина од смртта на Тито денеска ќе биде одбележана во Куќата на цвеќето во Белград, каде што беше погребан, во Кумровeц, Хрватска, каде што е роден и на уште неколку места.

Гробот на Тито, Куќата на цвеќето, кој е дел од Музејот на Југославија на Дедиње, од погребот до денес го посетиле околу 20 милиони луѓе.

На неговиот погреб присуствуваа повеќе од 200 делегации од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви и владетели и партиски лидери од 107 земји.

Јосип Броз Тито беше роден во Кумровeц во мај 1892 година. Неговиот роденден се славеше на 25 мај, како „Ден на младоста“.

БРИОНИ, ОСТРОВОТ НА ЦРВЕНИОТ ЦАР – четврток, 04 мај 2023 – 19:15

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе