Вести Свет Топ вести

Како професорот по географија и учителката ги спасуваа децата од масакрот во Белград

Масакрот во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ предизвика херојско однесување на наставниците кои биле на смена во училиштето.

Веднаш по истрелите, професорот по географија во школото, Зоран Нишевиќ тргнал кон училницата каде биле повредените деца и почнал да ги евакуира.

-Реагираше многу бргу, ги изнесуваше на раце. Децата беа крвави. Вистински херој, беа изјавите на неговите колеги за српските медиуми.

Наставничка во пониските одделенија за опасноста разбрала од повозрасен ученик кој дошол да ја спасува помалата сестричка која учела во тоа одделение.

Дотогаш сите мислеле дека некој пука петарди не ни помислувајќи дека ученик од училиштето пука врз свои соученици.

Кога учителката разбрала што се случува, веднаш ги зела децата од своето одделение и ги однела во салата за физичко воспитание. Ги заклучила во една просторија за да не може да стигне никој до нив.

По смирувањето на ситуацијата и апсењето на 13-годишниот ученик, учителката ги извела децата на сигурно надвор од училиштето.

Убиецот дошол со три пиштоли и истрелал 57 куршуми. Убиени се 8 деца и еден возрасен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе