Вести Најважни Свет

Србија е во шок по невидениот масакр, Вучиќ предложи заострени мерки за контрола на оружјето, но и спуштање на старосната гранца за кривична одговорност

Српската јавност не може да се помири со трагедија која денска се случи во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, кога 13 годишен ученик застрела 8 свои соученици и еден возрасен. Српскиот претседател го нарече најтешкиот ден во поновата српска историја, додека родителите и роднините кои го изгубија своите чеда ја колнат својата судбината.

Ја убија. Беше дежурна. Беше среќна. Камо среќа да останеше во Солун. Синоќа се врати со родителите, со солзи во очите зборуваше Лилјана Радичевиќ, баба на едно од убиените деца.

13 годишниот убиец, според информациите кои ги сподели спрскиот претседател бил најдобриот и најамбициозен ученик во училиштето кој сите го избегнувале. Станува збор, според Вучиќ, за едно од најугледните основни училишта во Србија.

Тој бараше од своите родители и од училиштето прместување од едно во друго одделение. Тогаш преминува во друго одделение. Беше најдобар ученик и сите го избегнуваа. Бараше преместување во ново одделение каде имаше тројца другари. Добро се снајде и родителите му беа задоволни. За кои не може да каже дека се карале, тепале, единствено што кажа е дека постојано барале од него подобри резултати, рече вучиќ.

Во својот крвав поход низ училиштето 13 годишникот повредил уште 6 деца и една наставничка. Три деца и наставничката се оперирани, но едно од децата има тешки повреди и сѐ уште е во критична состојба. Покрај повредените, досегашниот нормален секојдневен живот запре и за преживеаните и неповредени деца, пред чии очи се одиграла целата трагедија.

Требаше да го прославиме нејзиниот роденден на 6 мај. Се договаравме каде да бараме место да направиме журка. Сите овие деца требаше да дојдат, без исклучок, рече Милан Милошевиќ, татко на едно од неповредеите деца.

Вучиќ во своето обраќање потврди дека и двајцата родители на детето се во притвор, и на владата ѝ предложи низа законски измени за контрола на огненото оружје, но и за спуштање на старосната граница за кривична одговорност.

Мој предлог е да размислите за можноста за спуштање на старосната граница за кривично правна одговорност на малолетни лица, од 14 на 12 години, со почитување на меѓуанродните и европските стандарди. Морате да имате во предвид дека кај нас постои страв дека ова момче знаело дека не може да биде кривично правно одговорен, рече вучиќ.

Масовните убиства се исклучително ретка појава на Балканот, иако во регионот по војната по распадот на Југославија, и конфликтите во Косово и Македонија има многу легално и нелегално оружје. Србија според некои статистики се наоѓа на третото место по според бројот на огнено оружје по глава на жител, но 39 парчиња на 100 жители е далеку зад бројот во САД, кој изнесува дури 120 парчиња огнено оружје по глава на жител, и каде ваквите инциденти се речиси секојдневна појава.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе