Вести Свет

Брнабиќ ја повика БиХ да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, а Црна Гора повеќе да се вклучи

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека оваа иницијатива нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите.

Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен што ќе ја намали тензијата, рече Брнабиќ во говорот на Меѓународниот бизнис саем во Мостар.

Наведувајќи дека во врска со Отворениот Балкан „би било добредојдено поголемо вклучување на Црна Гора“, таа истакна дека оваа иницијатива е поврзана со отворање на границите, протокот на луѓе, капитал и услуги.

Станува збор за различни инспекции кои се целосно координирани, за да се осигура дека нашата економија и нашиот народ имаат поголема корист од нашата соработкa, заклучи Брнабиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Експерти бараат формирање на сектор за борба против еколошки криминал од МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе