Вести Свет

Човечко стампедо во главниот град на Јемен, Сана – 78 луѓе ги загубија животите

Стравична трагедија го потресе денеска главниот град на Јемен, Сана, кон крајот на месецот на пости за големиот муслимански празник Рамазан. Најмалку 78 луѓе ги загубија животите во човечкото стампедо кое се случило во едно училиште каде се дистрибуирала хуманитарна помош за престојниот празник.

Повеќе стотици луѓе се собрале во училиштето синоќа за да ги добијат донациите во износ од 9 долари по човек. Во крвавата граѓанска војна во Јемен, од 2015-тата година, Сана е под контрола на бутновничкото движење на Хутите.

Двајца локални бизнисмени кои го организирале настанот биле уапсени и се спроведува истрагата која треба да утврди како се случил инцидентот, соопшти министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на полицијата, вината за смртоносното стампедо  ја лоцираше во „лошо организираната“ дистрибуција на средствата без координација со локалните власти.

Здравствениот и медицински сектор ги презедоа неопходните постапки веднаш откако се случи инцидентот и беа мобилизирани сите медицински тимови, докторите, сестрите и специјалистите. Оние на кои им е потребна операција беа седни во хируршката сала. Секако, статистиката за жртвите ќе биде објавена од министерството за здравство. Бројките засега се за 78 загинати, болницата третира 73 повредени луѓе, меѓу кои има и со критични, умерени и лесни повреди.

Меѓу луѓето кои ги загубиле животите има и голем број жени и деца.

Неофицијално, според изјавите на сведоците, трагедијата се случила, кога во обид да воспостават контрола над толпата, бунтовниците пукале во воздух, погодувајќи ја електричната инсталација, што довело до експлозија, по која голем број луѓе истовремено се обиделе да побегнат.

Бунтовниците потоа го блокирале училиштето и им го забраниле пристапот на луѓето, вклучувајќи ги и новинарите.

Јемен е уништен од стравичната граѓанска војна која се разгоре во 2015-тата година, кога Хутите зазедоа голем дел од државата пред регионалната коалиција, предводена од бруталниот режим во Саудиска Арабија не интервенираше во подршката на владините сили.

Повеќе од 150.000 луѓе се убиени во конфликтот, кој според сите анализи се смета за прокси војна меѓу Саудиска Арабија и Иран. Во војната, за која не се зборува премногу во медиумите, на повеќе од 23 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош од некој вид.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе