Вести Свет

Ербас и Ер Франс не се виновни за уривањето на Ербасот А330 во 2009 година

Францускиот суд одлучи дека нема доволно докази и ги ослободи од вина авиопроизводителот Ербас и авиокомпанијата Ер Франс за уривањето на летот АФ 447 од Рио де Женеиро до Париз, авионската несреќа која се случи во јуни 2009 година и во која загинаа 228 лица.

До несреќата дојде откако моторите на авионот Ербас А330 се исклучија откако влетал во бура над Атлантскиот океан.

Судечкиот совет составен од тројца судии читајќи ја пресудата рече дека дури и да биле направени грешки, нивната поврзаност со уривањето на авионот не може да биде утврдена.

Семејствата на загинатите, кои 13 години се бореа да се отвори случај, гневно реагираа на пресудата.

Изминативе 5.022 денови, макотрпно работевме, работевме, трагавме по авионот, очекувавме судење, добивме судење, чекавме на непристрасна пресуда. Тоа не беше случај. Згрозени сме. Што можеме да кажеме за еден ваков резултат? Ништо, бидејќи не е наша работа да коментираме судски одлуки, огорчено изјави Даниеле Лами, претседателка на асоцијацијата „Заедничка помош и солидарност АФ 447“

Се што останува после 14 години чекање е очај и гнев, додаде таа.

Клер Дуросо, чија внука загина во авионската несреќа изјави дека ваквата пресуда претставува тежок удар за роднините на жртвите.

Нашите сакани загинаа по втор пат. Ми се гади, изјави таа.

Ова беше прв случај на судење за убиство од корпоративна небрежност во Франција. Ербас и Ер Франс од самиот почеток ги негираа обвинувањата, и инсистираа дека авионот се урнал поради пилотска грешка.

Истрагата утврди дека авионот наишол на бура со грмотевици на голема височина, неколку часа по полетувањето од Рио де Женеиро. Кога сенозрите за брзина замрзнале и почнале да покажуваат неточни отчитувања, пилотите не ја следеле правилната процедура и кратко потоа изгубиле контрола над леталото, кое се урнало во океанот.

Сидиите изјавија дека имало неколку пропусти од небрежност и кај двете компании, но и дека тие не пружаат доволно сигурност за да Ербас и Ер Франс бидат прогласени за виновни за уривањето.

Во најтешката авионска несреќа во француската историја загинаа сите 12 членови на екипажот и сите 216 патници кога авионот понирал од над 11 километри надморска височина. Остатоците беа откриени по долга потрага, во која беа пребарани дури 10.000 квадратни километри од океанското дно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе