Вести Македонија Топ вести

Здравствените инспектори ја „чешлаат“ битолска гинекологија

Додека инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат на Гинеколошкото одделение во битолската Болница го истражуваат случајот со смртта на новороденчето, директорот Александар Обедниковски, ја напиша оставката од морални причини и утрово ја испрати до Министерството за здравство. Тој се повлекува нецела година од назначувањето, по двете големи трагедии што се случија во Клиничката болница во Битола за само 20 дена, смртта на 6 годишната Јана која почина на Детското одделение по примена инфузија и бебето кое почина во неделата по раѓањето. Тимот на државниот инспекторат, заедно со комисија на Министерство за здравство, утврдуваат дали е направен пропуст при третманот на новороденчето и родилката.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство, соопштија од Министерството за здравство.

24 годишната битолчанка се породи во неделата на Гинеколошкото одделение околу 14 часот. Според лекарски извори, таа имала тешко породување, бебето било извлечено со вакуум, живо, но во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето. Набрзо починало, а врз телото е извршена обдукција. Според извори на Телма, родилката имала уредна бременост, а се јавила на преглед и ден претходно, но била вратена дома. За настанот е известено и Обвинителството.

При вчерашната ненајавена посета министерот за здравство, Меџити,  рече дека доколку има пропусти ќе има и одговорност.

Тој потврди дека се чека и обдукциониот наод за Јана Христовска, чиј роднини за утре повторно најавија протест, овој пат пред битолската болница, со вклучени сирени и едноминутен молк, за смртта на две деца за 20 дена.

Емилија Мисирелиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе