Вести Македонија Топ вести

Кој купи – купи поевтино, од утре поскапуваат овошјето и зеленчукот

Некој успеа да ги наполни торбите со овошје и зеленчук по пониски и „замрзнати“ цени. Други кои допрва ќе пазарат, ќе купат за поскапо. Денес, на седница на Влада се донесе одлука за зголемување на цените, кое се должи на повисоките давачки на Царина. Па така, свежи домати ќе може да се купат за најмногу 95 денари, а исто толку ќе чинат и свежи краставици, а килограм кромид 70 денари. Гравот ќе чини 95 денари, бананите 75, а портокали и лимони по 60 денари. За 75 денари ќе може да се купат кило мандарини, а сто и нешто над сто денари ќе чинат пиперките и леќата.

Има одредено зголемување на цените кое е заради тоа што во последната недела се забележува зголемување на увозните цени на нашата Царина и тоа зголемување е од над 30% на одредени производи. Посебно ова важи за гравот, доматите, краставиците, кромидот и гравот, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Викендов, инспектори ги одземаа сите фактури од увозниците, под сомнеж дека лажирале цени пред Царинската управа. Денес, министерот за економија информира дека од Управата ги доставиле нивните документи до државите од каде што главно се прави увозот. Сѐ уште се трага по одговори – за колку е оштетен буџетот на државата на дрзок начин, во обид некој да се офајди преку кривично дело.

Ова не значи дека треба да се направат контроли само во делот на увозниците или, пак, кај трговците на мало. Треба да се направат контроли во целиот ланец – како влегуваат тие производи и како се внесени во нашата држава, тука вклучувајќи и институции кои ги прават тие проверки, па зошто да не и вработени, додава Бектеши.

Нема конкретен одговор – зошто дел од рафтовите во маркетите останаа празни во делот каде што треба да е доматот, краставицата и другите производи. Бектеши уверува дека од утре нема да има таква ситуација, па ако некоја роба се чува како залиха истата ќе биде одземена и ќе се изречат казни пропишани во Законот за трговија и заштита на потрошувачите.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе