Вести Македонија Топ вести

Обвинителството се уште не отвора истрага по допрен глас за изборот на надзор за коридорите 8 и 10д

Обвинителството за организиран криминал по допрен глас се уште не отвора истрага за изборот на надзор за автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Јавноста и експертите до власта поставуваат низа прашања.

Слаѓана Тасева од Транспаренси во Топ Тема рече дека едно од прашањата е и дали надзорот ќе се спроведе, како што треба.

Од ВМРО ДПМНЕ побараа веднаш да биде поништен изборот за надзор, конзорциумот ИРД, Ептиса, Електра солушн, Евро консалтинг, а  јавното обвинителство да отвори постапка за изборот на овој конзорциум, од кои едната Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ груп и Евро консалтинг која  е во сопственот на Бранимир Димитриевиќ, кој во  2019 година со помош на тројца македонски дипломати е извлечен од Ерменија, каде е  обвините за криминал при надзор на патен коридор.

Додека јавноста поставува прашања за како ќе се потрошат 1,3 милјарди евра народни пари за автопаските делници, за старт на градежните работи остануваат уште еден месец.

Кон крајот на април градежната оператива на Бехтел и Енка старува со изградбата на три автопаски делници Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани, додека  Требеништа-Струга-Ќафасан во декември, бидејќи се бара нова траса, која ќе е соодветна на сите препораки на УНЕСКО, во рамки на предвидената сума.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе