Вести Македонија Топ вести

Заложничка драма во аптека во Карлсруе – киднапери бараат над еден милион евра

Во аптека во германскиот град Карлсруе во тек е заложничка криза, а полицијата го опколи реонот околу објектот, изјави претставник на власта, пренесува „Билд“.

Весникот додава дека полицијата од тактички причини не сака да соопшти колку луѓе се наоѓаат во аптеката, меѓутоа дека е во постојан контакт со киднаперите.

Како што наведува „Штутгартер Нахрихтен“, киднаперите бараат едноцифрен милионски износ. На местото на настанот се распоредени и специјални единици.

Според властите, заложничката криза почнала околу 16:30 часот. Целото подрачје околу аптеката е опколено, а полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.

„Цела улица е затворена“, вели очевидец.

Ова е втор инцидент во два дена во Германија. Вчера загинаа седум лица во пукање во центар на „Јеховини сведоци“ во Хамбург, меѓу кои и трудница, соопшти германската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Дејан Дејан

Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давкова ќе се одржи денеска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе