Вести Македонија Топ вести

Власта предлага Евреите заедно со Бугарите да бидат дел од Уставот

Евреите, заедно со Бугарите, треба да бидат споменати во Уставот. Вакво проширување на новите уставни амандмани предлагаат Владата и премиерот Ковачевски. Но, во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема расположение за никакво менување на Уставот. Партијата нема да учествува ниту во експертската работна група, која во наредните месеци треба да го подготви текстот на амандманите. Во овој момент, потребното двотретинско мнозинство се чини недостижно за овој парламентарен состав.

Еврејската заедница е чекор поблиску до „влегување во македонскиот Устав“. Премиерот Ковачевски смета дека и граѓаните на нашата земја кои се дел од еврејскиот народ, треба да бидат споменати во преамбулата заедно со другите народи, а заедно и со Бугарите, Хрватите и евентуално други кои треба да се додадат со новите уставни измени. Ова го најавил и на средбата со членовите на Кнесетот, кои присуствуваат на одбележувањето на годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.

Ковачевски, кој без ВМРО ДПМНЕ не може да обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени, вели дека секој пратеник треба да биде лично одговорен за иднината на својата држава. Ја обвинува опозицијата дека само „блокира, се слика и дава изјави дека ништо не чини“.

„СДСМ нема мнозинство за уставни измени и сега дефокусира со ВМРО ДПМНЕ“, реагира опозициската партија.

„ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека не само што нема мнозинство, туку и голем дел од пратениците на СДСМ не даваат поддршка. Затоа Ковачевски се плаши да пристапи кон уставни измени и само растура пердуви. ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставни измени бидејќи не даваме кредибилитет на некредибилен процес“, 

ВМРО ДПМНЕ инсистира на предвремени избори убедена дека ова Собрание нема мандат за промена на Уставот. Власта сепак повика да се вклучат во експертската работна група, координирана од Министерството за правда, која во наредниве месеци треба да го подготви текстот на уставните амандмани. Потоа ќе почне широка јавна расправа, по која, измените ќе бидат пратени во Собранието. Промената на Уставот треба да биде поддржана од најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе